Достапни линкови

ЕУ: помош за економско јакнење на Западен Балкан


Европската унија им упати на земјите од Западен Балкан насоки за изработка на национални програми за економски реформи до јануари 2015 година. Ова беше наведено на денешниот брифинг во Брисел, каде што претставник на Европската комисија нагласи дека овие насоки за кандидатите и за потенцијалните кандидати за членки на Унијата не значат и нови услови за преговори за членство. Според него главна цел на насоките е тие земји што подобро да се подготват за конкуренцијата на внатрешниот пазар на Европската унија.
XS
SM
MD
LG