Достапни линкови

Иванов ќе се кандидира за втор претседателски мандат


Ѓорге Иванов

Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска потврди дека ќе се кандидира за нов претседателски мандат. Иванов ја прифати иницијативата што ја покренаа група интелектуалци. „Со чест и задоволство, имајќи ги предвид сите предизвици и перспективи со кои се соочуваме, со посветеност и одговорен пристап, со желба за постигнување натамошни успеси за нашата татковина кои ќе бидат од интерес за сите граѓани, сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам инцијативата за мое кандидирање за претседател на Република Македонија и дека ќе ја поднесам мојата кандидатура на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ, изјави Иванов во обраќањето до јавноста во претседателската вила „Водно“.
XS
SM
MD
LG