Достапни линкови

logo-print

Лавров: да не се присилува Украина да избира меѓу ЕУ и Русија


Жан Азелборн, Сергеј Лавров

Жан Азелборн, Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната прес конференција во Москва со министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Азелборн изјави дека Украина не треба да се присилува во изборот за поблиски односи со Русија или со Западот. „Тоа е опасно и контрапродуктивно“, оцени Лавров, повторувајќи дека Русија не се меша во внатрешните работи на Украина и оти тоа го очекува од западните партнери. Тој ја критикуваше и одлуката за предвремени претседателски избори во Украина. Азелборн пак, оцени дека ситуацијата во Укрина може да се стабилизира само во тесна соработка меѓу Русија и Украина.
XS
SM
MD
LG