Достапни линкови

Во Украина почна кампањата за претседателските избори


Виталиј Кличко

Виталиј Кличко

Во Украина и официјално почна кампањата за предвремените претседателски избори што се закажани за 25 мај годинава. Досега останува непознато каде се наоѓа отстранетиот претседател Виктор Јанукович кој во саботата го напушти Киев. Централната изборна комисија даде рок до 4 април за поднесување кандидатури за претседателската трка. Лидерот на партијата УДАР Виталиј Кличко најави дека ќе се кандидатира, а како на потенцијален кандитат се гледа и на експремиерката Јулија Тимошенко која во саботата беше ослободена од затвор.
XS
SM
MD
LG