Достапни линкови

Десетина кривични дела од омраза месечно


Илустрација.

Илустрација.

Од Хелсиншкиот комитет на Македонија велат дека над 70 проценти од сите кривични дела од омраза се случуваат во Скопје, а остатокот најчесто во северозападна Македонија.

За една година нотирани се над 60 потврдени и повеќе од 60 непотврдени кривични дела сторени поради омраза, се наведува во најновиот месечен извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од оваа организација велат дека над 70 проценти од сите дела се случуваат во Скопје, а остатокот најчесто во северозападна Македонија. Мотивацијата за извршување на овие инциденти, според Хелсиншки, е нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството.
Тоа се должи на атмосферата во државата, на атмосферата во општеството во кое владеат длабоки поделби по различни основи.

Оваа појава не е никакво изненадување, потврдуваат и од невладината организација Цивил, од каде што велат дека дискриминацијата е во пораст, а бројката на кривични дела сторени од омраза се многу поголеми.

„Тоа се должи на атмосферата во државата, на атмосферата во општеството во кое владеат длабоки поделби по различни основи. Тие се засноваат пред сè, според нашето гледиште, на погрешните политики и практики на институциите на државата. Вие не можете да очекувате во општеството да нема омраза или кривични дела од омраза, кога во самото законодавство, но и во спроведувањето на правдата има охрабрување на делата сторени од омраза“, вели Џабир Дерала од Цивил.
Македонија неколку години е во перманентна, неуморна предизборна кампања на различно ниво, со различни манифестации, така што ваквата состојба не е за зачудување, се разбира повторно ќе констатираме дека ова повторно ќе ескалира во неделите пред нас.

Во текот на месец јануари, Хелсиншкиот комитет забележал шест злосторства од омраза, иако месечниот просек на вакви инциденти изнесува 11. Уништувањето на спомен плочата на Мара Бунева поставена од страна на бугарски здруженија во Македонија, оштетување автомобил, каменување куќи и навредување минувачи од страна на навивачки групи, демолирање на партиски возила и објекти, уништување на надгробни плочи од цркви и слично, се дел од делата за кои најлесна мотивација била различната национална припадност, верското убедување, сексуалната ориентација и политичката определба.

Според Дерала, сите облици на дискриминација и кршење на човековите права се во пораст во предизборјето и дека ваквите инциденти би се интензивирале во наредните неколку недели.

„Македонија неколку години е во перманентна, неуморна предизборна кампања на различно ниво, со различни манифестации, така што ваквата состојба не е за зачудување, се разбира повторно ќе констатираме дека ова повторно ќе ескалира во неделите пред нас“, вели тој.

Превенција од ваквите појави, според Дерала, треба да биде сериозна законска регулатива и доследно спроведување на законите кои се однесуваат на заштита на човековите права и слободи. Сето ова, заклучува тој, треба да биде проследено со паралелна активност на граѓанското општество кое треба да работи на подобрување на односите меѓу различните категории на граѓани.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG