Достапни линкови

logo-print

САД - Јанукович не е активен лидер на Украина


Соборениот украински претседател Виктор Јанукович.

Соборениот украински претседател Виктор Јанукович.

САД соопштија дека Виктор Јанукович не е активен лидер на Украина, но Белата куќа не прогласи никого како легитимен лидер на земјата. Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека администрацијата на Обама верува дека украинскиот парламент легално го избрал новиот спикер Олександр Турчинов. Сепак, тој одби да соопшти дали Вашингтон го смета Турчинов за актуелен лидер на земјата, откако Јанукович го напушти Киев во екот на крвавите протести. Карни соопшти дека Вашингтон не знае каде е Јанукович. Тој рече дека САД се подготвени да ѝ помогнат на Украина да ја поврати економската стабилност преку обезбедување поддршка која ќе ја надополни помошта од ММФ. Според некои извештаи, Јанукович се наоѓа на Крим, каде што е седиштето на руската црноморска флота.
XS
SM
MD
LG