Достапни линкови

Американскиот заменик државен секретар Барнс во посета на Киев


Aмериканскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс.

Aмериканскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс.

Се очекува високи американски и британски дипломати да го посетат Киев и да им понудат поддршка на новите украински власти. Стејт департментот соопшти дека американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс денеска треба да го посети Киев. Тој е највисокиот американски функционер што ќе ја посети земјата, откако помошник државниот секретар Викторија Нуланд во декември минатата година се сретна со антивладините демонстранти во Киев. Стејт департментот соопшти дека Барнс ќе побара брзо формирање на влада на национално единство и имплементација за реформите за враќање на политичката и економска стабилност на земјата. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг соопшти дека планира наскоро да ја посети Украина. Тој рече дека финансиската состојба на Украина е многу сериозна и дека економијата можеби не е одржлива без итна меѓународна помош.
XS
SM
MD
LG