Достапни линкови

Италија го доби најмладиот премиер во историјата


Новиот италијански премиер Матео Рензи.

Новиот италијански премиер Матео Рензи.

Италијанскиот парламент му изгласа доверба на премиерот Матео Рензи. За неговата влада гласаа 169 пратеници, а 139 беа против. Рензи тврди дека може да ја врати италијанската економија на вистинскиот пат, по неколкугодишните кризи. Сенатот на Италија во раните утрински часови ја изгласа владата на Рензи која беше формирана од страна на широка коалиција меѓу централно-левичарска Демократска партија на Рензи и централно-десничарската сили претходно лојални на поранешниот премиер Силвио Берлускони. Рензи има 39 години и е најмладиот премиер на Италија досега.
XS
SM
MD
LG