Достапни линкови

ЕУ ги укинува визите за Молдавија


Кишињев.

Кишињев.

Европскиот парламент на пленарната сесија во Стразбур се очекува да ги укине визите за граѓаните на Молдавија. Претходно овој месец Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент го препорача овој потег, по што беше закажано денешното гласање. И Европската комисија, исто така, препорача укинување на визите за Молдавците. Иницијативата за олеснување на визните ограничувања беше најавена на Самитот на Источното партнерство во Вилнус во ноември, кога Молдавија го парафираше договор за асоцијација со Европската унија. Според европските пратеници, граѓаните на Молдавија ќе можат да влезат без визи во Шенген зоната до мај или јуни. Минатата недела премиерот на Молдавија рече дека воспоставувањето на слободна трговска зона со Европската унија е еден од врвните приоритети на неговата влада.
XS
SM
MD
LG