Достапни линкови

Израел бомбардирал упориште на Хезболах во источен Либан


Илустрација: Мировник на ОН во Либан.

Илустрација: Мировник на ОН во Либан.

Израелски воени авиони наводно нападнале упориште на Хезболах во источен Либан во близина на границата со Сирија. Либански безбедносни претставници и Сириската опсерваторија за човекови права соопштија дека ноќеска била нападната „ракетна база“ на Хезболах во планинската област во близина на границата. Израелски безбедносни извори велат дека имало „невообичаено интензивни активности на воздухопловните сили“ во областа и дека целите можеби се камиони со оружје испратени од Сирија за борците на Хезболах во Либан. Израелската армија одби да коментира. Источната граница на Либан често се користи за шверц. Израелски воени авиони вршат напади во областа неколку пати во последните две години.
XS
SM
MD
LG