Достапни линкови

logo-print

Вашингтон бара одговори од Ирак за купувањето иранско оружје


Илустрација: Ирачки граничари.

Илустрација: Ирачки граничари.

Вашингтон побара одговори од Ирак, по медиумските извештаи дека Багдад потпишал договори за купување оружје од Иран, кој е под ембарго на ОН и не смее да продава оружје. Ројтерс вчера објави дека Багдад во ноември потпишал договор за купување на оружје од Иран во вредност од 195 милиони долари. Извештајот е објавен во пресрет на посетата на ирачкиот министер за надворешни работи, Хошјар Зебари на Техеран. Тој денеска треба да разговора со високи ирански владини претставници. Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, изјави дека ако извештаите се точни, тоа ќе предизвика сериозна загриженост. Таа вели дека „какво било пренесување на оружје од Иран во трета земја директно го прекршува ембаргото на ОН“.
XS
SM
MD
LG