Достапни линкови

Тимошенко ќе оди на лекување во Германија


Неодамна ослободената поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко планира да оди на лекување во Германија. Во соопштението објавено на нејзината интернет страница се наведува дека таа ја прифатила понудата за лекување од германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ќе оди на лекување во Германија, откако ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија кој почнува на 6 март во Ирска. Тимошенко, која има хронични болки во грбот, излезе од затвор во саботата, откако парламентот изгласа мерки кои резултираа со нејзино ослободување. Откако изгуби на изборите од Виктор Јанукович во 2010 година, наредната година таа беше обвинета и осудена на 7 години затвор за злоупотреба на положбата. Западните земји го осудија нејзиното затворање и оценија дека е политички мотивирано.
XS
SM
MD
LG