Достапни линкови

logo-print

Анџелина Џоли посети деца бегалци од Сирија


Холивудската актерка и специјален пратеник на Обединетите нации Анџелина Џоли ги посети децата на сириските бегалци во Либан, како дел од кампањата да го привлече вниманието на светот врз нивните проблеми.
Агенцијата за бегалци на ОН денеска соопшти дека Џоли ги мпосетила децата кои сега се сместени во долината Бекаа.
Во Либан се сместени речиси милион сириски бегалци, повеќето од нив жени и деца.
Според ОН, околу 2,5 милиони сиријците се водат како бегалци од конфликтот кој започна во март 2011 година, а како внатрешно раселени се водат 4 милиона и двеста илјади сиријци.
XS
SM
MD
LG