Достапни линкови

Иванов утре ќе се изјасни за иницијативата за уште еден мандат


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе го соопшти својот став во однос на доставената иницијатива за негова кандидатура за уште еден претседателски мандат на претстојните избори коишто ќе се одржат на 13-ти април годинава, јави МИА повикувајки се на извори од Кабинетот на шефот на државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат беше Иванов на минатите претседателски избори, потврдија дека во партијата е примена иницијативата за кандидатурата на актуелниот Претседател, потпишана од над педесетина интелектуалци, доктори, академици, свештени лица од повеќе религиозни заедници, спортисти, меѓутоа посочија дека лично тој не се изјаснил во однос на иницјативата.
XS
SM
MD
LG