Достапни линкови

logo-print

Турската полиција гo прислушувала и Ердоган


Турската полиција прислушувала најмалку 7.000 луѓе, вклучувајќи го и премиерот Реџеп Таип Ердоган, членови на неговиот Кабинет, шефот на разузнавачката служба на Турција и новинари, објави денеска турскиот печат.
Според весниците „Јенисафак“ и „Стар“ соработниците на Фетулах Гулен, турскиот имам кој живее во САД, ги прислушувале телефоните на турскиот премиер, како и на бројни политичари и бизнисмени цели три години.
Ердоган ги обвинува противниците во влијателната група на Гулен дека се однесуваат како „држава во држава“, со цел соборување на неговата Влада со поттикнување голема корупциска истрага против блиските соработници на Ердоган.Документите за шпионирање, ги откри новоименуваното Обвинителство што е воспоставено по масовните откази во полицијата и обвинителството поради корупциски истраги кон крајот на декември минатата година.
Корупцискиот скандал, во кој се вмешани блиски соработници на турскиот премиер, претставува еден од најсериозните предизвици во 11-годишното владеење на Ердоган, во пресрет на локалните избори во март.
XS
SM
MD
LG