Достапни линкови

Амбасадорот Димитров се повлекува од дипломатијата


Министерството за надворешни работи потврди дека амбасадорот на Република Македонија во Холандија Никола Димитров по завршувањето на неговиот мандат, ќе се повлече од должноста и од Министерството по негово лично барање.Димитров во пишаната изјава, најави „повлекување од системот“, по завршувањето на амбасадорската должност и ангажман во Хашкиот институт за глобална правда, каде меѓу другото, вели, ќе работи на промоција на демократијата, владеењето на правото и европската и евроатлантската интеграција на државите од Југоисточна Европа.
Никола Димитров беше заменик министер за надворешни работи, советник на претседателот на Република Македонија за национална безбедност. Во својата дипломатска кариера беше и амбасадор во Вашингтон, специјален пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името, национален координатор за НАТО, како и ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата и амбасадор во Хаг.
XS
SM
MD
LG