Достапни линкови

Протест на стечајците во Куманово


Куманово - архива

Куманово - архива

Стечајните работници од Куманово денеска одржаа мирен протест пред Региналниот синдикат и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, во зградата на поранешен Комитет.
Тие бараат итна средба со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски, а од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бараат да им овозможи средба со лидерот на партијата, премиерот Никола Груевски, јавија македонските медиуми.
Стечајците се незадоволни од последните законски измени за обесштетување, според коишто месечен паричен надоместок од 7.100 денари до пензионирање или повторно вработување ќе го примаат само мал број стечајци, а поголемиот дел и понатаму ќе останат со нерешен статус.
XS
SM
MD
LG