Достапни линкови

Египетската влада поднесе оставка


Египетскиот премиер, Хазем Ел Беблави, кој е подржан од армијата, денеска соопшти дека неговиот кабинет поднесува оставка. Во телевизиското обраќање, Беблави не ги објасни причините за оставката, но се верува дека со тоа се отвора можноста досегашниот министер за одбрана Абдел Фатах Ал Сиси, да се кандидира на претседателските избори во април. Државните медиуми јавија дека привремениот претседател на Египет, Адли Мансур, побарал од Беблави да остане на чело на владата се до изборот на нов премиер.
XS
SM
MD
LG