Достапни линкови

Иницијативата за реизбор на Ѓорѓе Иванов доставена до ВМРО-ДПМНЕ


Иницијативата за реизбор на актуелниот претседател Ѓорге Иванов, е веќе доставена до ВМРО-ДПМНЕ.
Иницијативата ја потпишале и вицепремиерот Зоран Ставрески, градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Аеродром Ивица Коневски, на Прилеп Марјан Ристески, пратеникот Антонио Милошоски, доктор Весна Јаневска, директорот на УЈП Горан Трајковски, Ашим Зекировски, градоначалниците на Охрид Никола Бакрачески, на Кисела Вода Биљана Беличанец – Алексиќ и на Македонска Каменица дарко Митевски и Владимир Неловски од УМС на ВМРО ДПМНЕ, објави ТВ Канал 5.
На иницијативата досега се потпишале над педесетина интелектуалци и јавни личности. Потписниците од владејачката партија бараат претседателот Иванов да ја добие партиската поддршка на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на којашто ќе биде избран кандидатот за претседател за претстојните претседателски избори.

Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која треба да биде избран претседателскиот кандидат е закажана за 1 март во Скопје.
XS
SM
MD
LG