Достапни линкови

Иницијатива за поддршка на Иванов е доставена во ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов.

Иницијативата за поддршка за втор мандат на претседателот Иванов е дел од внатрепартиската кампања пред Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијативата за реизбор на актуелниот претседател Ѓорге Иванов, е веќе доставена до ВМРО-ДПМНЕ.
Иницијативата ја потпишале и вицепремиерот Зоран Ставрески, градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Аеродром Ивица Коневски, на Прилеп Марјан Ристески, пратеникот Антонио Милошоски, доктор Весна Јаневска, директорот на УЈП Горан Трајковски, Ашим Зекировски, градоначалниците на Охрид Никола Бакрачески, на Кисела Вода Биљана Беличанец – Алексиќ и на Македонска Каменица дарко Митевски и Владимир Неловски од УМС на ВМРО ДПМНЕ.
На иницијативата досега се потпишале над педесетина интелектуалци и јавни личности.
Потписниците од владејачката партија бараат претседателот Иванов да ја добие партиската поддршка на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на којашто ќе биде избран кандидатот за претседател за претстојните претседателски избори.

Експертите пак, се поделени дали иницијативата за претседателот Ѓорге Иванов со која се бара да му се даде втор мандат потекнува од ВМРО-ДПМНЕ или од Иванов. Владимир Мисев од Институтот за демократија смета дека иницијативата е дел од кампањата на Иванов за повторно кандидирање.
Доколку е ова најдобриот начин што го одбрал претседателот да ја најави својата кандидатура на следните претседателски избори, претпоставувам дека е веќе дел од неговата кампања.

„Доколку е ова најдобриот начин што го одбрал претседателот да ја најави својата кандидатура на следните претседателски избори, претпоставувам дека е веќе дел од неговата кампања која ќе покаже дека зад него стојат група интелектуалци, спортисти и не знам и кои сè други не се потпишаа на таа петиција“, вели Мисев.
Секако и во ВМРО-ДПМНЕ штом има кандидатури има повеќе кандидати и секако и таму има групи кои повеќе го сакаат едниот, другиот или третиот кандидат можеби, така што мислам дека и таа иницијатива е во склоп на тие внатрепартиски струења.

Како што е познато, за да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, официјално актуелниот претседател Иванов на следните претседателски избори потребно е да го поддржи конвенцијата зашто тие одлучија дека по тој модел ќе одат со својот предлог кандидат за претседател. Уште при самото распишување на конкурсот, Мисев реагираше дека гледа мала нелогичност претседателот на државата да конкурира на внатрепартиски конкурс, па потоа да биде предложен за кандидат на конвенцијата. Според Мисев, подобро решение беше тој директно да биде номиниран на конвенцијата.

„Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ на крајот на денот ќе ги почитува своите ветувања дека ќе го поддржи оној кандидат што ќе победи на конвенцијата и мислам дека нема да имаме ситуација, далеку е од реалноста да се случи на конвенцијата да победи еден кандидат, а претседателот Иванов да се рекандидира уште еднаш, поточно во таа ситуација сметам дека постои опасност да се подели членството на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мисев.

Од ВМРО-ДПМНЕ не реагираа официјално на објавувањето на иницијативата со која се дава поддршка на Иванов. Меѓутоа, аналитичарот Алберт Муслиу е убеден дека иницијативата во која се дава поддршка за Иванов е дел од внатрепартиските игри или пробни балони за тоа кој би бил можен кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секако и во ВМРО-ДПМНЕ штом има кандидатури има повеќе кандидати и секако и таму има групи кои повеќе го сакаат едниот, другиот или третиот кандидат можеби, така што мислам дека и таа иницијатива е во склоп на тие внатрепартиски струења или преференци кој би бил можниот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ“, вели тој.

Иницијативата во однос на претседателскиот кандидат повеќе ќе влијае врз внатрепартиските структури, вели Муслиу и дополнува дека е сигурен дека сме влезени во фаза на „релативна сигурност“ дека со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори.

„Јас мислам дека во наредните 10 дена ќе знаеме кога ќе бидат тие избори“, вели Муслиу.

Според него, сè зависи од изборот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и како ќе одат преговорите меѓу коалициските партнери.

Инаку, Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат е закажана за 1 март. Крајниот рок за поднесување на кандидатури е до среда на полноќ. Според процедурата, секој потенцијален кандидат треба да достави индивидуално писмо за пројавување интерес за учество на конвенцијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG