Достапни линкови

Што ЕУ и Русија сега ќе ѝ понудат на Украина?


Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон, за време на дводневната посета на Украина ќе зборува со привременото раководство на таа земја за политичката криза и мерките за стабилизирање на економијата. Русија, пак, најави дека ќе почека на новата влада пред да реши што натаму со пакетот од 15 милијарди долари за Украина.

Посетата на Кетрин Ештон доаѓа по драматичниот викенд во Киев каде што парламентот го отстрани претседателот Виктор Јанукович, а на негово место го постави опозицискиот лидер Олександр Турчинов.
Нема потреба да се зборува за економската состојба на земјата. Тоа го гледате по вашите џебови. Она што го оставија Јанукович и Азаров тешко може да се опише како урнатина. Украина пропаѓа во амбис и е пред банкрот.

Тој на оваа функција, како и на функцијата премиер е привремено, односно како вршител на должноста откако беше избран за претседател на парламентот.

Во неговото телевизиско обраќање, тој изјави дека главен приоритет му е да спречи растргнување на земјата меѓу украинските националисти на западот и промосковските етнички Руси на истокот на Украина.

Тој додаде дека ќе се обиде да ги задржи добрите односи со Русија, но со забелешка дека Киев мора да се врати на патот на европската интеграција.

Не е во интерес ни на Украина, ни на Русија ни на Европската унија да ја видат земјата поделена. Никому не му е од интерес враќање на насилството.
„Ние мора да се вратиме во кругот на европските земји. Ние исто така ја сфаќаме важноста на нашите односи со Русија кои треба да бидат градени врз нова, правична, еднаква основа и со водење сметка на европскиот избор на Украина. Се надевам дека ваквиот избор ќе биде потврден на претседателските избори на 25 мај оваа година“, рече тој.

Турчинов додаде дека претседателот Виктор Јанукович и неговиот екс премиер Микола Азаров оставиле тешка економска состојба во земјата и оти клучни задачи се стабилизирање на украинската национална валута, враќање на довербата на инвеститорите, нови работни места и навремена исплата на примањата и пензиите.

„Нема потреба да се зборува за економската состојба на земјата. Тоа го гледате по вашите џебови. Она што го оставија Јанукович и Азаров тешко може да се опише како урнатина. Украина пропаѓа во амбис и е пред банкрот. Заздравувањето на економијата ќе биде мисија на новата влада што ќе се формира по претседателските избори“, рече Турчинов.

Европската унија се очекува да даде повеќе детали за нејзината понуда како економска поддршка на новото украинско раководство. Помош понуди и шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу исто така изјави дека Вашингтон ќе ја поддржи обновата на украинската економија.

Во исто време американскиот советник за национална безбедност Сузан Рајс изјави дека евентуалното испраќање руски сили во Украина би било голема грешка.

„Не е во интерес ни на Украина, ни на Русија ни на Европската унија да ја видат земјата поделена. Никому не му е од интерес враќање на насилството“, рече Рајс.

Москва го повика својот амбасадор во Киев на дополнителни консултации во врска со ситуацијата во Украина.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов, пак, порача дека Москва наскоро ќе решава дали по формирањето на новата украинска влада ќе ја исплати следната транша од пакетот финансиска помош од 15 милијарди долари што во минатата година Русија му ја понуди на претседателот Виктор Јанукович.

Токму откажувањето на Јанукович да го потпише договорот за поблиски односи на Украина со Европската унија во минатиот ноември ги предизвика антивладните протести и крвавите настани во минатата недела во кои загинаа неколку десетици луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG