Достапни линкови

logo-print

Казни затвор за демонстрантите против Путин


Судот во Москва денеска им изрече казна затвор од 2 ипол до 4 години на 7-мина од 8-те обвинети за така-наречениот случај Болотнаја. Адвокатите на обвинетите најавија жалби. Полицијата уапси најналку 100 лица кои демонстрираа пред судот во Москва, вклучувајки го и опозиционерот Алексеј Навални. Амнести Интернешнел и американскиот Стејт департмент го оценија овој процес како политички мотивиран и неправеден. 8-мината осудени беа уапсени за време на протестот против претседателот Владимир Путин, на 6-ти мај 2012-та година, на московскиот Болотнаја плоштад.
XS
SM
MD
LG