Достапни линкови

Издаден налог за апсење на Јанукович


Украинското министерство за внатрешни работи издало налог за апсење на сега веќе бившиот претседател Виктор Јанукович. Ова денеска преку Фејсбук го соопшти првивремениот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, наведувајки дека против Јанукович е покренато обвинение за масовно убиство на мирољубиви граѓани. Според Аваков, Јанукович последен пат бил виден на Крим.
XS
SM
MD
LG