Достапни линкови

Пентагон го крати буџетот за армијата


Информации од Вашингтон велат дека денеска се очекува Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел да предложи намалување на обемот на Армијата на САД. Меѓу буџетските иницијативи кои веќе се појавија е предлогот да се укине една цела класа на борбени авиони на американските воздухопловни сили. Њујорк тајмс, цитирајќи високи официјални лица од Пентагон, вели дека планот има за цел да се намалат трошоците за одбраната во согласност со целите за штедење. Предложените намалувања може да се соочи политичката опозиција во Конгресот. Но планот, наводно, ја има поддршката од обединетата команда на Генералштабот на САД.
XS
SM
MD
LG