Достапни линкови

logo-print

Лондон:почина најстариот преживеан од холокаустот


110-годишната Алиса Херц Сомер која се смета за најстариот преживеан од холокаустот почина вчера во Лондон. Таа беше предмет на документарниот филм номиниран за Оскар, "Дамата со број 6", беше еврејски пијанист и музичар од Прага. Во 1943 година, нацистите неа и нејзиниот млад син ги испратија во логор. Нејзиниот сопруг Леополд и нејзината мајка Софи беа убиени во Аушвиц и двете, но таа и нејзиниот син преживеа Втората светска војна. Таа и нејзиниот син Рафаел биле ослободени од нацистичко заробеништво во 1945 година, кога советската Црвена армија го ослободила нивниот камп. Најпрвин емигрирала во Израел пред одлуката да се досели во Велика Британија.
XS
SM
MD
LG