Достапни линкови

Неделен печат - Стечајци, протести и предизборна кампања


Судири меѓу стечајците и полицијата во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:19 0:00

Судири меѓу стечајците и полицијата во Скопје

Фокус пишува за оттргнување на вниманието од проблемите пред изборите, Глобус за судирите меѓу стечајците и полицијата, а Република ја анализира опозицијата.

Фокус - Кој ѝ фрли фатва На Македонија?
Додека стечајците јадат пендреци пред Владата, пензии се зголемија, субвенции се поделија, премиерот шутира фудбали секој трет ден, а за месец и половина во предизбориево направен е дефицит од 141 милион евра.
Фокус.

„Кој ѝ фрли фатва На Македонија?“ - прашува уводничарот на Фокус, додека со тажна иронија апелира да престанат муабетите за милионските тендери во власта и становите на чесните угледни преродбеници, оти со сето тоа само се нервирало партиското членство што работи за 100 евра месечно и 300 денари дневница. Дајте да разговараме за фини нешта, препорачува Фокус - за бомбички, за конфликтче, да си пуштиме некоја фатва, или анатема. Па, што ќе бара ДУИ, а ВМРО нема да дава. Тоа треба на вести да се гледа. Немој некоја национална правоверна телевизија да почнела со Босна или Украина. Подалеку од такви филмови! Да не биде „Сети се снао!“ Јок! Темите за овие избори се веќе спремни. И додека стечајците јадат пендреци пред Владата, пензии се зголемија, субвенции се поделија, премиерот шутира фудбали секој трет ден, а за месец и половина во предизбориево направен е дефицит од 141 милион евра, речиси половина од вкупно планираниот за годинава?! Важно власта и опозицијата се договорија за фер избори, пишува Фокус.
Народот кој своите барања не може да ги оствари на мирен начин треба да биде спремен да се судри со репресивниот апарат на режимот и да победи во тој судир, поднесувајќи одредено ниво на ризик и жртви!
Глобус.

Глобус - Ако не сака да го тепаат, народот мора да победи

Интересен приод кон најновата „блиска средба“ меѓу полицијата и стечајците пред владата има редовниот колумнист на Глобус. Во текстот со наслов: „Ако не сака да го тепаат, народот мора да победи“, неделникот смета дека било бесмислено морализирањето дека полицијата го тепаше народот(!?) - а што требаше да му прави, да го пушти да влезе во владата? - коментира - па сугерира дека народот кој своите барања не може да ги оствари на мирен начин треба да биде спремен да се судри со репресивниот апарат на режимот и да победи во тој судир, поднесувајќи одредено ниво на ризик и жртви! За ова е потребно општо незадоволство од најсериозен вид, квалитетна политичка артикулација, совршена организација, паметно определување на целите и симболите и, се разбира, страст, верба, храброст. Понекогаш и многу пари. Тоа што во Македонија во овој момент го нема, пишува покрај другото во колумната на Глобус, Офаманаман.

Република - Новите партии се нова главоболка на СДСМ

Република ја посветува неделната анализа на тоа какво влијание ќе имаат фракциите во СДСМ на следните избори, па извлекува заклучок дека: „Новите партии се нова главоболка на СДСМ“. СДСМ, анализира неделникот, на следните избори пред себе ја нема само ВМРО-ДПМНЕ. Ги има и новите партии и нова фрагментација, која би следувала по лош изборен резултат. Во периодот додека е во опозиција, според Република, СДСМ загубил добар дел од гласачите поради фракциите, а со тоа се намалил и бројот на пратенички места, а сега владејачката партија успеала повторно да ги привлече членовите од сите политички партии што настанале со одвојувањето од матичната ВМРО-ДПМНЕ. Во анализата, Република претпоставува дека СДСМ се наоѓа и пред ново раслојување поради наводното сè поголемо незадоволство на блиските луѓе на Црвенковски од актуелното раководство.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG