Достапни линкови

Експлозија меѓу антивладините демонстранти во Банкок


Во експлозија во Банкок загинаа најмалку две лица а повредени се десетици. Експлозијата се случила во шопинг област во Бангкок откако поддржувачи на премиерот Јинглук Шинаватра ветија дека ќе се пресметаат со непријателските демонстранти. Медицинскиот центар, која ги следи болниците во Банкок рече декамладо момче е меѓу загинатите. Демонстрантите се собираат од ноември во обид да ја соборат Шинаватра, која тие ја гледаат како замена за нејзиниот постар брат, Таксин Шинаватра, поранешен премиер соборен со воен удар во 2006 година. Протестите беа полни со напади од страна на непознати напаѓачи. Во саботата, пет-годишно девојче почина и 30 беа повредени кога вооружени напаѓачи отворија оган врз непријателскиот митинг во источен Тајланд.
XS
SM
MD
LG