Достапни линкови

Тимошенко не е заинтересирана за премиерското место



Украинската опозиционерка и поранешна премиерка, Јулија Тимошенко изјави дека не е заинтересирана за премиерското место. Влада на национално единство треба да се формира до вторник. Тимошенко синоќа им се обрати на насобраните демонстранти во Киев. Во емотивниот говор пред насобраните таа вети дека ќе се кандидира на претседателските избори. Инаку , по излегувањето од затвор таа имаше и телефонски разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел која изразила надеж дека по враќањето во политичкиот живот на земјата, Тимошенко „ќе стане еден од главните фактори во стабилизирањето на ситуацијата во Украина“ и ќе придонесе за зачувување на единството и ќе помогне на патот кон европските реформи. Тимошенко исто така телефонски разговараше и со комесарот за проширување на Унијата, Штефан Филе и со американските сенатори Џон Мекејн, Ричард Дурбин и Крис Марфи.
XS
SM
MD
LG