Достапни линкови

Пакистан:во експлозија на бомба загинаа 10 лица


Во експлозија на бомба во близина на автобуски терминал во северозападниот дел на Пакистан загинаа најмалку 10 лица , а повеќе од десетина беа повредени. Полицијата соопшти дека бомбата експлодира во градот Кохат во нестабилната провинција Кибер , која граничи со племенските области на Пакистан, каде што пакистанските Талибанци поврзани со Ал Каеда, имаат упоришта. Полицијата соопшти дека експлозивот бил ставен во сад со масло и ставен во близина на автобуски терминал во Кохаt, во близина на главниот град на провинцијата Пешавар, пред да биде активирана од далечина. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Нападот се случи откако воздушните сили на Пакистан бомбардираа милитантни скривалишта во Кибер а, при што загинаа повеќе од десетина осомничени бунтовници.
XS
SM
MD
LG