Достапни линкови

Сирија:во експлозија на автомобил бомба загинаа 9 лица


Сириски опозициски активисти информираат дека автомобил-бомба експлодирал во близина на болница во северозападниот сириски град Атмен, при што загинаа најмалку девет лица. Засега не е јасно кој го извршил нападот. Градот Атмен во близина на границата со Турција е во рацете на бунтовниците кои се борат за соборување на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Градот е средиште на големиот камп за илјадници раселени Сиријците. Турските медиуми објавија дека амбулантни возила од Турција пристигнале за загинатите и повредените.
XS
SM
MD
LG