Достапни линкови

Авганистан:во напад на Талибанците загинале 19 војници


.

.

Авганистански официјални лица соопштија дека талибанските бунтовници нападнале армиски бастион во источната провинција Кунар, при што загинале 19 војници. Нападот рано изутринава бил според наводите еден од најкрвавите во последниве месеци. Портпаролот на Министерството за одбрана Захир Азими изјави дека двајца војници се повредени во четиричасовната битка меѓу бунтовниците и армијата во областа Газиабад во Кунар. Абдул Гани Мусамем, портпарол на гувернерот на провинцијата, рече дека седум војници се водат за исчезнати по нападот во оддалечената планинска област во близина на границата со Пакистан. Талибанците во соопштението до медиумите ја презедоа одговорноста за нападот. Талибанците изјавија дека еден од нејзините борци загинале, а двајца биле повредени. Канцеларијата на претседателот Хамид Карзаи соопшти дека претседателот ја одложил планираната посета на Шри Ланка поради убиството на војниците.
XS
SM
MD
LG