Достапни линкови

Украина: Претседателот на парламентот ќе ја врши функцијата претседател


Украинскиот парламент гласаше за привремено предавање на должноста претседател на претседателот на парламентот, Олександар Турчинов. Вчера парламентот гласаше за отповикување од функцијата на претседателот Виктор Јанукович. Турчинов назначи заменици со цел да се договорат за формирање влада на национално единство до вторник. Парламентот исто така денеска гласаше за предавање на претседателската резиденција на државата. Парламенто извести дека е дадена наредба за апсење на поранешниот министре за даноци и приходи, Олександар Клименко и поранешниот јавен обвинител, Виктор Псонка.
XS
SM
MD
LG