Достапни линкови

logo-print

Земјите од Г-20 во насока да го зголемат БДП во наредните 5 години



Министрите за финансии од најголемите економии во светот беа насочени кон постигнување договор околу политиките насочени кон зголемување на растот, создавање работни места, и притисок врз мултинационалните компании да плаќаат даноци таму каде што нивните приходи се заработени. Иницијативата дојде откако министрите за финансии и шефовите на централните банки се состанаа во Сиднеј, Австралија на самитот на Г20. Џо Хокеј,првиот благајник на Австралија, повика на структурните реформи, како и размена на информации за приходите. Во финалното коминике на самитот, министри и централните банкари повикаа на чекори за зголемување на глобалниот БДП на "повеќе од два проценти" за следните пет години. Коминикето вели дека станува збор за "амбициозни, но реални политики", исто така,се ветува дека владите во Г-20 ќе бидат повеќе "свесни" за влијанието што централните банки може да го имата врз глобалната економија.
XS
SM
MD
LG