Достапни линкови

logo-print

Во Косовска Митровица по четврти пат се гласа за градоначалник


Во северниот дел на Косовска Митровица утрово почнаа изборите на кои граѓаните, четвртипат за речиси четири месеци гласаат за градоначалник.
Изборите се организирани под силни безбедносни мерки, а на улиците и на избирачките места засилено е присуството на косовската и на ЕУЛЕКС полицијата, како и на војници на КФОР.
Граѓаните избираат меѓу четирите кандидати - Горан Ракиќ од ГИ „Српска“, Оливер Ивановиќ кандидат на Граѓанската иницијатива СДП, Муса Мифтари од Демократскиот сојуз на Косово и Фљорент Аземи од Демократската партија на Косово.
Оливер Ивановиќ е во притвор. Тој е осомничен за учество во воени злосторства во периодот 1999-2000 година.
Изборите за градоначалник, на Северна Митровица се повторуваат бидејќи градоначалникот Крстимир Пантиќ одби да ја потпише свечана изјава на документот на кој има симболи на косовската државност.
XS
SM
MD
LG