Достапни линкови

Утринава мирно во Киев, нема точни информации каде е Јанукович


Во центарот на Киев денеска е мирно откако вчера парламентот гласаше за отповикување на претседателот Виктор Јанукович по три месеци улични протести, како и ослободување на неговиот политички ривал, поранешниот премиер Јулија Тимошенко од притвор. Тимошенко, обраќајќи се пред демонстрантите во Киев на плоштадот на независноста во саботата ги повика да не да ги прекинат протестите, и покрај одлуката на парламентот. Говорејќи од инвалидска количка, Тимошенко повика Јанукович и неговите сојузници да бидат повикани на одговорност за убиството на десетици демонстранти од страна на украинските безбедносни сили во Киев во текот на изминатата недела. Останува нејасно каде е Јанукович, кој го напушти главниот град вчера. Украински медиуми објавија дека граничари одбиле да му дозволат на Јанукович да ја напушти земјата откако тој се обидувал да е качи на непланиран лет од источниот град Донецк.
Белата куќа го поздрави ослободување од затвор на поранешниот премиер Јулија Тимошенко, напоменувајќи дека случувањата во земјата би можеле да поттикнат "де-ескалација на насилство, уставни промени, коалициска влада, и предвремени избори." Белата куќа исто така порача дека Вашингтон ќе работи со своите сојузници и Русија за поддршка на "силна, просперитетна, обединета и демократска Украина." Министерство за надворешни работи на Русија претходно ја обвини украинската опозиција за "претварање во вооружени екстремисти и ограбувачи чии акции претставуваат директна закана за суверенитетот и уставниот поредок на Украина. "Франција и Германија ја повикаа украинската влада и опозицијата да се воздржат од насилство и да го почитувата договорот со кој се согласија во петокот да се стави крај на политичката криза во земјата. Полскиот министер за надворешни работи ги негираше наводите дека настаните во Киев можат да се наречат државен удар.
XS
SM
MD
LG