Достапни линкови

Опозицијата обвини за предизборно трошење буџетски пари


СДСМ денеска обвини дека Владата има потрошено речиси 400 милиони евра од почетокот на годинава.Потпретседателот Ванчо Узунов на прес-конференција повикувајќи се на официјалниот предизборен финансиски извештај на Министерството за финансии посочи дека секој ден се трошат по 13 милиони евра народни пари и тоа за субвенции, социјални трансфери и социјални бенефиции (за пензии, социјална помош, невработени, боледувања и сл.), рече Узунов, додавајќи дека за овие намени потрошени се 182 милиони евра за 45 дена. Според СДСМ, парите што се трошат, се собираат по две основи и тоа преку задолжување и преку казнување на граѓаните.
XS
SM
MD
LG