Достапни линкови

Ирак: најмалку 10 жртви во денешните насилства


Полицијата и болнички извори во Ирак соопштија дека најмалку 10 лица загинале, а десетици други биле повредени во напади во земјата денеска. Во самоубиствени напади загинаа најмалку пет лица во Тикрит, околу 170 километри северно од Багдад. Самоубиец со автомобил-бомба експлодира во Рамади, главниот град на западната провинција Анбар, при што загинаа пет воени лица. Во меѓувреме, ирачкото Министерство за одбрана објави 72-часовен прекин на воените операции во градот Фалуџа, коj e под окупација на милитантите од јануари. Според проценките на Обединетите нации, 8868 луѓе се убиени во насилствата во Ирак во минатата година, што е најголема бројка во последниве пет години.
XS
SM
MD
LG