Достапни линкови

Египет: судот ослободи полицајци обвинети за убиство во 2011


Египетски суд ослободи шестмина полицајци обвинети за убиство на 83 демонстранти за време на бунтот против Хосни Мубарак во 2011 година. Полициските службеници биле инволвирани во убиството на демонстрантите пред полициската станица во крајбрежниот град Александрија. Обвинителите истакнаа дека командантите им дозволувале на полицајците да пукаат на демонстрантите. Адвокатите на одбраната негираа дека полицајците биле одговорни за убиствата. Речиси 850 лица загинаа за време на 18-дневниот бунт со кој беше соборен Мубарак. Повеќе од десетина полицајци беа подложени на судење, но повеќето биле ослободени. Пресудата денеска беше донесена откако судот во Каиро го продолжи судењето на Мохамед Морси, сега соборениот исламистички наследник на Мубарак. На Морси и на 130 обвинети им се суди за организирање бегство од затвор и напад на полициски станици за време на востанието. Морси се соочува со редица други обвиненија.
XS
SM
MD
LG