Достапни линкови

Украинскиот парламент гласаше за предвремени избори


За Претседателот Јанукович станува збор за нелегални одлуки. Јулија Тимшенко во меѓувреме излезе од затворската болница

Украинскиот парламент гласаше за одржување предвремени претседателски избори на 25 мај, со образложение дека претседателот Виктор Јанукович не успел да ги исполни своите должности како претседател.
Гласањето се случи откако Јанукович ги нарече настаните во Украина "државен удар", додавајќи дека тој не планира да поднесе оставка. Тој рече дека сите одлуки донесени од страна на парламентот се нелегални.

Пратениците во Киев имено гласаа за ослободување на поранешната премиерка, Јулија Тимошенко. Нејзината ќерка Eвгенија Тимошенко изјави дека се упатила кон Харков каде што нејзината мајка е во затвор.
Според извештаите на медиумите, 13 законодавци ја напуштиле Партијата на регионите на Јанукович во саботата. Претходно, претседателот на про-владиниот парламент Володимир Рибак поднесе оставка, поради „лошото здравје“.

Во меѓувреме, украинскиот парламент го избра опозицискиот пратеник, Арсен Аваков за министер за внатрешни работи до формирањето на новата коалициона влада. Олександар Турчинов, десна рака на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, пак, е избран за нов претседател на парламентот на Украина. За него гласаа 288 од вкупно 450 пратеници. Турчинов на местото претседател на парламентот го замени Володимир Рибак, близок соработник на шефот на државата, Виктор Јанукович.
Резиденцијата на Јанукович.

Резиденцијата на Јанукович.


Во Киев, демонстрантите ги отфрлија плановите за политички компромис и се заканија дека ќе влезат во претседателската палата доколку Јанукович не си поднесе оставка.
Лидерот на опозицијата во Украина, Виталиј Кличко претходно изјави дека парламентот мора да го разреши претседателот Виктор Јанукович и да одржи предвремени претседателски избори најдоцна до 25 мај 2014. Кличко изјави пред парламентот дека денеска Јанукович го напуштил главниот град и дека „парламентот е единствениот легитимен орган на власта“.

Според извештаите на медиумите, 13 законодавци ја напуштиле Партијата на регионите на Јанукович во саботата. Претходно, претседателот на про-владиниот парламент Володимир Рибак поднесе оставка, поради „лошото здравје“.

Вашингтон соопшти дека украинскиот претседател Виктор Јанукович го напуштил Киев на конференција во источниот град Харков, но оваа вест не е потврдена. Украинските медиуми известија дека тој планира да присуствува на денешниот состанок на Украинскиот фронт на сеукраинската јавна унија кој е дел од од неговата Партија на регионите.

Во Киев, демонстрантите ги отфрлија плановите за политички компромис и се заканија дека ќе влезат во претседателската палата доколку Јанукович не си поднесе оставка до утринава во 9 часот. Јанукович и опозициските лидери потпишаа договор во петокот со повик за формирање влада на национално единство и избори до декември. Парламентот исто така гласаше за враќање на Уставот од 2004 година, амнестија на демонстрантите и отповикување на министерот за внатрешни работи.

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор се согласија дека мерките треба да се спроведат брзо.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG