Достапни линкови

Обилни дождови и поплави во Словенија


По големите снегови и мразови што ја зафатија Словенија, таа сега е погодена од поплави а висината на водите на Планинското поле и Церкнишкото езеро ги загрозува Планината и селото Лазе, каде што веќе се поплавени повеќе куќи а се најавува раст на водата за уште четириесетина сантиметри. Главни причини се обилните врнежи и подземни води како и неисчистените одводни канали. На југот од земјата кон Хрватска најмногу загрозува реката Купа.
XS
SM
MD
LG