Достапни линкови

logo-print

Неочекувано појавување на поранешниот папа Бенедикт 16


Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој се пензионираше минатата година, направи редок јавен настап денеска присуствувајќи на церемонијата во Базиликата Св.Петар.
Бенедикт му се приклучи на својот наследник, папата Франсис на церемонијата на назначување нови кардинали.
Бенедикт, кој живее во манастир во внатрешноста на Ватикан, влезе во Базиликата Св. Петар со мала придружба.
Бенедикт се заколна дека ќе остане скриен од светот по неговото повлекување. Тој беше прв папа во последните 600 години кој реши да се повлече.
XS
SM
MD
LG