Достапни линкови

logo-print

Пакистан: 9 бунтовници загинаа во хеликоптерски напад


Пакистанските безбедносни власти соопштија дека се извршени хеликоптерски напади врз милитантните упоришта во северозападниот дел од земјата при што загинале деветмина бунтовници.

Нападот бил насочен кон милитантите поврзани со Ал Каида кои имаат свое силно упориште во овој дел од земјата.

Ова е трет ваков напад оваа недела. Во претходниот загинаа 35 милитанти. Нападите следуваат по неуспешните преговори меѓу владата и пакистанските талибанци.
XS
SM
MD
LG