Достапни линкови

logo-print

„Царската невеста“ повторно во Бољшој театар


„Царската невеста“, популарната опера од рускиот композитор, Николај Римски Корсаков, денеска ќе се појави повторно на сцената на Бољшој театарот во Москва. Настапи се закажани и за в недела како и за 25 февруари, како и уште еден на 10 мај. Диригентот, Генадиј Рождественски ја спаси продукцијата која беше доведена во прашање во декември кога музичкиот директор и главен диригент на театарот, Василиј Синаиски, си поднесе оставка. „Царската невеста“ е еден од недовршените проекти на Синајски. По назначувањето на новиот директор, Владимир Урин беше побрзано да се најде нов диригент и беше избран Рождественски.
XS
SM
MD
LG