Достапни линкови

logo-print

Украина: парламентарниот спикер си поднесе оставка


Последна вест од Украина е дека парламентарниот спикер, Володимир Рибак си поднесе оставка наведувајќија како причина здравствената состојба.Во текот на саботната парламентарна сесија, опозицискиот лидер, Виталиј Кличко ги повика законодавците да ја усвојат резолуцијата за итно отповикување на претседателот Виктор Јанукович и да се закажат предвремени избори најдоцна до 25 мај. Претходно, Вашингтон соопшти дека украинскиот претседател Виктор Јанукович го напуштил Киев поради „средба“ во источниот град Харков. Украинските медиуми известија декатој планира да присуствува на денешниот состанок на Украинскиот фронт на сеукраинската јавна унија кој е дел од од неговата Партија на Регионите. Во Киев, демонстрантите ги отфрлија плановите за политички компромис и се заканија дека ќе влезат во претседателската палата доколку Јанукович не си поднесе оставка до сабота во 9 часот. Јанукович и опозициските лидери потпишаа договор во петокот со повик за формирање влада на национално единство и избори до декември. Парламентот го донесе законот со којможе привремено да биде ослободен опозицискиот лидер, Јулија Тимошенко. Парламентот исто така гласаше за враќање на Уставот од 2004 година, амнестија на демонстрантите и отповикување на министерот за внатрешни работи. Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор се согласија дека мерките треба да се спроведат брзо.
XS
SM
MD
LG