Достапни линкови

Претседателот Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата го потпишаа договорот за решавање на политичката криза во земјата.

Украинскиот парламент денеска ги одобри измените со кои се овозможува предвремено ослободување на затворената опозициска лидерка Јулија Тимошенко.

Парламентот гласаше и за враќање на Уставот на земјата од 2004 година со кој се намалуваат ингеренциите на шефот на државата, а се зголемуваат оние на собранието.

Претходно, претседателот Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата го потпишаа договорот за решавање на политичката криза во земјата.

Јанукович претходно соопшти дека ќе бидат одржани предвремени претседателски избори и најави дека ќе започне процес на формирање на влада на национално единство.

До ова дојде по судирите во текот на оваа недела меѓу полицијата и антивалдините демонстранти во кои загинаа околу 80 луѓе.

ЕУ и САД го поздравија договорот за излез од украинската криза

Европската унија и Соединетите Држави денеска го поздравија договорот меѓу владата и опозицијата во Украина како нужен компромис за покренување политички дијалог кој, како што се наведува, е единствениот демократски и мирен пат за излегување од кризата.

Во соопштението на претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, се нагласува дека сега двете страни треба да покажат одговорност и да го спроведат договореното за иднината на Украина.

„Сега фокусот треба да биде врз имплементација на договорот што ќе го надгледуваме“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џej Керни.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG