Достапни линкови

logo-print

ЕУ и САД го поздравија договорот за излез од украинската криза


Европската унија и Соединетите држави денеска го поздравија договорот меѓу владата и опозицијата во Украина како нужен компромис за покренување политички дијалог кој, како што се наведува, е единствениот демократски и мирен пат за излегување од кризата. Во соопштението на претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј се нагласува дека сега двете страни треба да покажат одговорност и да го спроведат договореното за иднината на Украина. „Сега фокусот треба да биде врз имплементација на договорот што ќе го надгледуваме“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Керни.
XS
SM
MD
LG