Достапни линкови

Николиќ нуди помош за спорот меѓу МПЦ и СПЦ


Српскиот претседател Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ во денешниот разговор со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Белград изјави дека „политиката треба да помогне колку што е можно во решавањето на проблемот на Српската православна црква и канонски непризнатата Македонска православна црква за да не ги оптоварува односите меѓу двете земји“. Николиќ, како што соопшти неговиот Кабинет, му рекол на Попоски дека постоела иницијатива во манастирот Прохор Пчински да се состанат претставници на двете цркви во присуство на претседателите на Србија и на Македонија. Тој повторил дека има волја да придонесе и за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, доколку тоа го побараат двете земји.
XS
SM
MD
LG