Достапни линкови

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ околу казнените одредби за високото образование


Опозициската СДСМ реагира на казнените одредби од измените во Законот за високо образование, што беа изгласани вчера, и оценува дека со нив се нарушува автономијата на Универзитетот. „Новите глоби се предвидени ако некој професор не вклучи во студиската програма една од преведените книги во проектот на Владата за превод на стручна литература“, рече на прес конференција Петар Атанасов, член на извршен одбор на СДСМ. Казните за професорите, посочи, се движат од 1.000 до 35.000 евра по професор или академска институција. Во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ пак се наведува дека во времето на СДСМ студентите и нивните потреби не беа ниту споменати.
XS
SM
MD
LG