Достапни линкови

Јанукович најави национална влада, предвремени избори и уставни промени


Украинскиот Претседател Виктор Јанукович соопшти дека во земјата ќе бидат одржани предвремени претседателски избори и најави уставни промени за намалување на претседателските овластувања како што беа пред 2004 година. Како што јавија западните новински агенции тој изјави дека ќе започне процес на формирање на влада на национално единство.

Претходно западните медиуми цитираа неименуван висок дипломат на ЕУ, според кој, украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата постигнале договор за ставање крај на најкрвавата криза во земјата од нејзината независност.

Дипломатот е цитиран како вели: "Ние очекуваме привремениот договор да биде потпишан денес".
XS
SM
MD
LG