Достапни линкови

logo-print

Украина - постигнат привремен договор?


Западните медиуми цитираат неименуван висок дипломат на ЕУ, според кој, украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата постигнале договор за ставање крај на најкрвавата криза во земјата од нејзината независност.

Дипломатот е цитиран како вели: "Ние очекуваме привремениот договор да биде потпишан денес".

Тој додал дека со договорот ќе се овозможат некои уставни реформи и предвремени претседателски и парламентарни избори а дека за датумот допрва ќе се разговара.

Според новинската агенција ДПА договорот предвидува нова привремена влада во рок од 10 дена.
XS
SM
MD
LG